Влада: Институциите имаат целосен кредибилитет и одговорност да ги расветлат случувањата во Собранието
Владата смета дека институциите имаат целосен кредибилитет и одговорност да ги расветлат случувањата во македонското Собрание од 27 април годинава поради потребата од правда и владеење на правото, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
- Сметаме дека институциите имаат должност да го расветлат случајот заради потребата од правда и владеење на правото во Република Македонија и никогаш повеќе да не се повтори такво нешто, рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање.
Во врска со вчерашната средба кај претседателот Иванов на која присуствуваа премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, владиниот портпарол посочи дека станува збор за редовна појава во рамките на едни демократски процеси.
- Поканата дојде од претседателот Иванов и премиерот Заев беше присутен на таа средба. Таму се разговараше за сите отворени прашања и настани што се случуваа овие денови, рече Бошњаковски по денешната средба со новинарите во Владата на РМ.
Ново на Сител
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција