Македонија
30. October 2019 - 14:04

Влада: Индустриското производство го потврдува стабилниот и одржлив раст на економијата

Податоците за раст на индустриското производство што ги објави денеска Државниот завод за статистистика се потврда за стабилниот и одржлив раст на земјава, а со оглед дека индустријата е еден од клучните столбови за раст на економијата очекуваме значителен раст на БДП и во третиот квартал годинава, соопшти Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Оттаму оценуваат дека комплементарните економски политики на Владата со кои се овозможува силна поддршка на компаниите во земјата за побрз технолошки развој, имплементирање на иновации, зголемена конкурентност на пазарите и повисока продуктивност, како и отворање на нови, подобро платени работни места продолжуваат да даваат добри резултати.

Последна информација со која се потврдува стабилниот и одржлив економски раст на земјава, наведуваат, е денешниот извештај за индустриско производство, објавен од Државниот завод за статистика, во кој е нотиран раст на индустриското производство од 6,1 процент во септември годинава, во однос на истиот месец минатата година. Индустриското производство, пак, во периодот јануари-септември 2019 година, во однос на истиот период лани, кумулативно бележи раст од 5,6 проценти, а со оглед на фактот дека индустријата е еден од клучните столбови за раст на економијата, очекуваме значителен раст на БДП и во третиот квартал на 2019 година, стои во соопштението.

Гледано по индустриски дејности, во согласност со извештајот на ДЗС, најголем раст е забележан во индустријата за производство на тутунски производи од 512,9 проценти, потоа поправка и инсталирање на машини од 74,3 проценти, по што следува произвoдството на останата опрема за транспорт од 67,3 проценти, производството на фабрикувани метални прoизводи од 64,5 проценти и снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизaција од 32,2 процента. Раст е забележан и кај производството на пијалаци (13,3 проценти) и производствотo на прехранбени производи (13,1 процент), производство на хартија и производи од хартија (14,2 процента) и производството на текстил (10,1 процент).

-Владата на Република Северна Македонија останува посветена на имплементација на економските политики, програми и мерки за модернизација на инудстријата, за повисока продуктивности и конкурентност, со цел побрз и одржлив економски раст и повисок животен стандард на граѓаните, истакнуваат од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања