Влада: Ги демантираме дезинформациите за намерно изоставање на стихови од химната на Северна Македонија
Владата на Република Северна Македонија најостро го демантира и го отфрла како дезинформација објавеното на повеќе медиуми и портали за наводно намерно изоставање на одредени делови односно стихови од химната на Северна Македонија за време на официјалниот пречек на претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков.
Воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија согласно воениот и државен протокол се ангажира при пречек на странските државници на највисоко ниво при што секогаш и без исклучок се интонираат инструментални кратки верзии на државните химни, а никогаш не се изведуваат верзии на химните во целост и со стихови и вокали.
Оттука, дезинформација е дека химната односно стихови од химната биле скратени од било кои причини специфично за оваа посета.
Дезинформација е дека било кој стих од химната бил скратен бидејќи стихови воопшто не се изведуваат при вакви церемонии.
Ова е востановена пракса во протоколите за пречек, како во Северна Македонија така и во светски рамки.
Дека химните во вакви прилики се изведуваат без вокали и само во инструментална кратка верзија може лесно да се утврди при прегледување на снимките на сите претходни пречеци на државници на највисоко ниво кои ја посетувале Република Северна Македонија достапни на Јутуб каналот на Владата.
Владата бара медиумите и порталите кои ги објавија неточните информации во целост да го објават овој демант и да ја повлечат изнесената дезинформација.
Во продолжение доставуваме примери од други државни настани каде химната е изведена на идентичен начин како денес.
Ново на Сител
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко