Влада: Целосно ги исполнуваме обврските и должностите кон граѓаните и Собранието
Владата денеска соопшти дека со сите свои капацитети е во целосна функција и во служба за граѓаните и оти обврските и должностите кон Собранието, како и пред граѓаните, целосно ги исполнува, вклучително и обврската за редовно одговарање на пратенички прашања.
- Претседателот на Владата на Република Македонија редовно присуствува на овие собраниски сесии и целосно ја презема одговорноста да ја претставува работата на Владата во сите нејзини аспекти, и да одговори на пратеничките прашања. Таа обврска ја исполнуваат и сите останати членови, министри и заменици министри во Владата на РМ. Понекогаш нивните обврски, работни посети и службени ангажмани на терен се совпаѓаат со парламентарните сесии посветени на пратеничките прашања. Во такви ситуации нивните обврски се исполнуваат според постапката за соодветна замена или за писмен одговор на пратеничките прашања во најкус можен рок, се наведува во соопштението.
Владата, како што се потенцира, останува посветена на одговорно однесување кон Собранието, кое граѓаните на земјата го очекуваат од сите институции и релевантни политички субјекти.
Ново на Сител
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука