Влада: Авиокомпанијата има одобрено термини за полетување и слетување и во текот на овој месец
Авиокомпанијата „Гуливер“ која оперира на релација Софија-Скопје има одобрено термини за полетување и слетување и во текот на овој месец, велат од Владата на Северна Македонија од каде МИА побара став по информациите дека од 21 мај прекинува продажбата на авиобилети за оваа релација.
– Во однос на авиолинија Софија – Скопје, Ве информираме дека авиокомпанијата која го оперира овој лет нема склучено договор за финансиска поддршка со Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт и врски. Според информации со кои располагаме, авиокомпанијата има одобрено термини (слотови) за полетување и слетување и во текот на овој месец, стои во одговорот на Владата.
Оттаму посочуваат дека воспоставувањето на летот е од комерцијален аспект и од тие причини за повеќе информации упатуваат на авиокомпанијата.
Претходно, министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека според негови информации, причина за прекинот се преговорите меѓу компанијата и бугарската Влада за субвенционирање.
– Кога го разгледувавме ова прашање, разговаравме две опции. Првата опција беше да биде целосно комерцијална, односно дали ќе има интерес од страна на патниците, а втората опција – да биде субвенционирана од страна на владите при што Република Бугарија ја презеде обврската за субвенционирање. Мислам дека првата фаза беше обид да се види комерцијалната рентабилност. Според моите информации, мислам дека ова запирање е процес на преговори меѓу компанијата и Владата дали ќе има поддршка или не, изјави Османи.
Авиолинијата Софија-Скопје почна да функционира од март, а нејзиното воспоставување беше резултат на договорот меѓу мешовитите владини комисии на Бугарија и Северна Македонија. Договорот беше потпишан на 25 јануари годинава за време на меѓувладината седница што се одржа во Софија. Авионското поврзување меѓу Северна Македонија и Бугарија беше првиот чекор на конкретизирање на соработката што ја најавија двајцата премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков на нивната прва средба во Скопје на 18 јануари.
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран