„Вкусот на Франција“ во Скопје

Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје во понеделник, 21 март, со француска вечера во „Јавна соба“ вторпат ќе ја организираат манифестацијата „Вкусот на Франција“.
Настанот е по повод Деновите на франкофонијата, а француска вечера ќе биде организирана на пет континенти со илјада ангажирани готвачи. Иницијативата е на реномираниот готвач Ален Дикас и на Министерството за надворешни работи и меѓународен развој.
За менито во „Јавна соба“ ќе биде задолжен францускиот готвач Марк де Јонг кој со тим соработници од Македонија во понеделник ќе подготви вечера за околу 120 гости. Заинтересираните треба да пријават присуство во „Јавна соба“, каде што и во наредните два дена ќе може да се дегустираат вкусовите од Франција.
Амбасадорката на Франција Лоренс Оер денеска на прес-конференција рече дека француската гастрономија е основен елемент на француската култура и традиција, впишана е на листата на светско наследство на УНЕСКО и е значаен сегмент од туристичката понуда на Франција. Покрај вечерата во „Јавна соба“, на 21 март ќе има француска вечера и за високи гости во Резиденцијата на Франција.
- Целта на настанот „Вкусот на Франција“ е француската кујна да им стане попристапна на луѓето. Сакаме да се прошири и во Битола, Тетово и во други градови, и да имаме и француски ресторани. Кујната е нешто што ги зближува луѓето, таа е момент на задоволство и споделување, а таков момент ќе имаме во понеделник, рече Оер. Таа рече дека ја сака и македонската кујна и подготовката на здрава храна и многу зеленчук. Наоѓа и сличности меѓу двете кујни, споредувајќи го тавче-гравче со француското касуле или блискоста во вкусовите на вината мускат и траминец.
Готвачот Марк де Јонг ќе ги даде идеите и искуството за менито, а во подготовката на состојките ќе му помага тим од македонски готвачи и соработници од „Јавна соба“.
- Се што имате овде, во Македонија - зеленчукот, овошјето, се е многу вкусно. Тоа е поради поднебјето, имате многу сончеви денови во годината и затоа се е добро. Јас уживам овде во кујната. Откога дојдов пред две години, кујната целосно ми се смени. Работам повеќе зеленчук и овошје. Јас и другите што ќе дојдат ќе ви покажеме како може да се готви на друг начин со се она што го има во Македонија. Тоа е поентата, рече Марк де Јонг.
Тој го откри менито за вечерата - специјалитети од неколку француски региони и типични француски производи, ќе има супа од кромид подготвена на традиционален начин, салата од рукола вргањ и магдонос, свинско филе во сос од сенф со мешан зеленчук, француско сирење со мед, нормандиска пита со јаболка и калвадос...
Ново на Сител
-

Приведен насилникот кој ја претепал сопругата во Гостиварско
-

Облачно со повремени врнежи од дожд, кон крајот на денот со снег, следната недела со теператури до - 18 степени
-

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и блиската околина
-

Поранешен кинески регионален лидер осуден на смрт поради мито од 88 милиони долари
-

Најниска температура утрово во Тетово, преку ден дожд попладне на повисоките места снег
-

ЈОРСМ: Се постапува во случајот со жената во животозагрозувачка состојба донесена синоќа во Клиничкиот центар
-

Почна божикниот пост, 40 дена духовна подготовка за Христовото раѓање
-

Облачно и врнежливо време, на планините снег
