Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
На 01.02.2025 околу 21.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар после раскрсницата за с.Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(38) од с.Свиништа и патничко возило „пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(35) од с.Зајас.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Н. и неговата сопатничка Д.Р.Т.(65), констатирани во Медицинскиот центар Кичево, додека вториот сопатник во возилото, С.Т.(65) од Охрид, се здобил со телесни повреди.
Кај Е.А., која го управувала возилото „пасат“, во болницата во Кичево биле констатирани телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
А денеска (02.02.2025) во 05.50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод патничко возило „фиат пунто“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Л.(28) од Кичево, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатничката М.С.(19), а со телесни повреди се здобил уште еден сопатник З.Р.(30), двајцата од Кичево, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
Ново на Сител
-
Утре без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај
-
Магла утринава на неколку патни правци
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија
-
Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна
-
Студентите во Нови Сад велат дека ќе останат на улиците и на мостовите додека правдата не биде задоволена
-
Калабрија се расплака и ја потврди разделбата со Милан
-
Трамп рече дека Венецуела ќе прифати депортирани мигранти, вклучително и членови на криминална група