Вкупно 248 барања за директни плаќања од млекопроизводители од Ранковце и Крива Паланка
Бројот на поднесени барања за субвенции за производство на млеко за 2017 година во општините Крива Паланка и Ранковце изнесува 248.
Според информациите од Министерството за земјоделсво, шумарство и водостопанство до подрачната единица на министерството во Крива Паланка во законски предвидениот рок по однос на мерката 2.4. „Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо или козјо млеко“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за тековната година, барања поднеле 56 баратели од општина Крива Паланка, и 192 млекопроизводители од општина Ранковце.
Оттаму посочуваат дека минатата година, бројот на поднесени барања за субвенции од страна на земјоделци од двете општини е речиси идентичен, и изнесува 247.
Бројот на барања во однос на минатата година е речиси непроменет, но годинава е намален бројото на баратели од Крива Паланка.
Лани до ПЕ на МзШВ биле поднесени барања од страна на 56 млекопроизводители од Крива Паланка, десет повеќе од оваа година, додека 201 барање биле поднесени од баратели од општина Ранковце.
Ново на Сител
-
Захарова: Руската делегација пристигна во Истанбул, подготвена за сериозни разговори
-
Лишени од слобода две лица во Гостивар и Тетово, возеле со 1.74 и 1.52 промили алкохол во крвта
-
Охрид домаќин на финалниот турнир во ракометниот Куп на Македонија
-
Абутовиќ и во новата сезона во дресот на Еурофарм Пелистер
-
Фудбалерките на Љуботен го освоија Купот на Македонија
-
Босна ја освои титулата во АБА 2
-
Папата Лав Четиринаесети го прими Синер
-
Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид