Македонија
30. August 2016 - 12:19

Вкупно 202 првачиња ќе седнат во училишните клупи во Крива Паланка

Бројот на првачиња во Кривопаланечко  расте, од први септември во училишните клупи во двете основни училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ ќе седнат вкупно 202 првачиња.
 
Бројот на првоодделенци запишани во претстојната учебна година, 2016/2017, е зголемен за 12 во однос на минатата година, додека во однос на учебната 2014/2015 е зголемен за 49 кога во двете училишта на подрачјето на општината учеле 153 ученика.
 
Во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ се запишани 101 прваче, од кои 93 во матичното училиште, додека 8 ќе посетуваат настава во подрачните училишта. 
 
Ист број првачиња, 101, ќе посетуваат настава во  основното општинско училиште Илинден.
 
- Од вкупно зашишаните 101 прваче, 69 ќе посетуваат настава во централниот објект, а останатите 32 ќе учат во подрачните училишта на Илинден и тоа, 22 во село Конопница и 10 во село Мождивњак. За прв пат по 10 години бројот на првачиња во нашето училиште надминува сто ученика-информира Оливер Дејановски, директор на ООУ Илинден.