Вкупно 11 сообраќајки вчера во Скопје

Вчера на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.
На пет од нив се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник и четворица пешаци.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 55 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзина на движење, 27 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, односно не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, како и девет возачи кои за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 86 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство пешаци.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во ОУ „Живко Брајковски“ кое се наоѓа во општина Бутел, со учениците од второ одделение.
Со почеток во 19 часот и 30 минути во „Метрополис“ арената ќе се одржи културната манифестација „Златна Буба Мара на популарноста“. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
-

Скопје денеска имаше најстудено утро, локален дожд попладне и во текот на ноќта
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
-

САД нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма
-

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје
-

Трамп бара истрага против демократите, ги обвини за „кривично дело“
-

Крвав напад во Краков: Најмалку шест загинати, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот
-

Осум српски полицајци уапсени за смртно претепување на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
