Вкупниот износ на третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“ за микро и мали претпријатија е 31 милиони евра
Вкупниот финансиски износ на третата бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3) е 31 милиони евра, од кои 60.000.000 денари, односно еден милион евра, се буџетски средства од програмата П1 на Министерството за економија, додека 30 милиони евра се од Европската Унија, што е резултат на одлуката на Владата од вчерашната седница.
Владата го задолжи Министерството за финансии да потпише договор за администрирање на средствата со Развојна банка на Македонија.
Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Секретаријатот за европски прашања, да ја известат Делегацијата на ЕУ во земјата дека мерката е усвоена од Владата и дека министерствата за финансии и за економија и Развојната банка на Македонија преземаат активности за операционализација на мерката
– Финансиските средства за бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3) од 30 милиони евра се повлечени од 50-те милиони евра награда за успешност заради целокупниот напредок во процесот на Европска интеграција на Македонија, за кои Владата со официјален допис се обрати до Европската Комисија дека овие средства ќе се користат за опоравување на земјата од последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, соопштија од владината Прес-служба.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар