Бизнис
1. February 2016 - 20:16

Вкупната заработувачка на државата од странските директни инвестиции изнесува 124 милиони евра

124  милиони евра е вкупната заработка на државата  од странските компании од зоните. Најголеми се придобивките од влезот на Џонсон Мети. Речиси 80 отсто од извозот на стрнските пазари го реалзира токму овој инвеститор, покажуваат истражувањата на Центарот за економски анализи. 

Анализите покажуваат дека голем дел од домашните менаџери сметаат дека е добро што државата успева да обезбеди субвенции за странските компании. 20 отсто од нив се изјансиле дека би инвестирале во Македонија и без да добијат финансиска подршка.

Според аналитичарите придобивките од  инвеститорите се со одложен ефект. За да бидат  поголеми  сметаат дека треба  со закон  да се обврзат фирмите од секторте  кои користат висока и модерна технологија да даваат повосоки плати и повеќе да се користат инпутите од домашните  компании.

Лани во земјава влегле 140 милиони евра странски инвестии, а 2007 година била најдбра за инвеститорите, кога учествувале 8 отсто во вкупниот БДП. Годинава се очкеува уште 35  нови странски фирми. Дел од нив почнаа да ја реазлираат својата инвестиција.