Вјоса Османи: Косово е подготвено да одржи нови избори на север во државата
Претседателката на Косово Вјоса Османи изјави дека косовските власти се подготвени да го разгледаат барањето на лидерите на Франција и Германија за одржување нови локални избори во четири општини на северот на Косово.
Бидејќи францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц изјавија дека денеска во Молдавија апелирале до Србија и Косово што поскоро да организираат нови избори на северот на Косово, со учество на Срби, Османи рече дека им кажала дека законските процедури дозволуваат одржување нови избори.
„Тоа не се прави веднаш, но има законски процедури што им овозможуваат на граѓаните да одлучат дали сакаат избори“, изјави Османи по заедничката средба со Макрон и Шолц на самитот на Европската политичка заедница во Молдавија.
Османи на Твитер напиша дека разговарала со Макрон и Шолц за последните случувања на Косово и „заедничките напори за мир, безбедност и стабилност“.
Макрон и Шолц денеска имаа заедничка средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
По тие средби со Вучиќ и Османи, Макрон изјави дека е договорено во наредните недели да се донесе „јасна одлука“ за ситуацијата на северот на Косово.
Ново на Сител
-
Ристоска: Измените на Кривичниот законик ги доживувам како навреда на сите професионалци
-
На гостиварката која го оставила бебето ќе и биде одземено родителското право
-
Приведени три лица во Велешко, запленето оружје
-
Извозот на оружје од Србија е зголемен за четвртина во однос на лани, од увоз ќе го добие првиот Ербас Ц-295
-
Бислимоски: Доколку не работи ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовно цунами
-
Понеделник, првиот ден на Јом Кипур неработен за припадниците на еврејската заедница
-
35 годишен маж загина во пожарот во зградата во Хром
-
Во три одвоени случаи во близина на грчкиот остров Лезбос спасени над 100 бегалци и мигранти