„Визер“ со 4 нови дестинации во следните 5 месеци – Еве до каде ќе може да се лета
Во наредните 17 недели 21 авион ќе бидат распределени во своите европски бази поддржувајќи 700 дополнителни неделни заминувања и започнување 70 нови услуги, соопшти „Визер“.
„Четири нови дестинации – Атина, Талин, Харков, Виена – ќе бидат отворени до средината на јули, заедно со отворањето на новата западноевропска база во главниот град на Австрија. Проширувањето на „Визер“ во 2018 година претставува инвестиција од повеќе од 2 милијарди долари во 11 бази во Велика Британија, Австрија, Полска, Украина, Унгарија, Романија и во Грузија. Денес, „Визер“ ја слави оваа голема експанзија заедно со своите патници и нуди ден за продажба на седишта со 2о отсто од сите летови закажани до 31 мај, за резервации направени денес, 13 март, до полноќ. Патниците на „Визер“, кои бараат да истражуваат неверојатни места низ Европа и пошироко, сега може да обезбедат најниски цени на wizzair.com“, соопшти „Визер“ и најави дека патниците што патуваат на првите летови на новите 21 распореден авион ќе имаат шанса да добијат ваучери на „Визер“ од 1.000 евра.
„Оние што сакаат да откријат повеќе за патувањата на „Визер“ низ Европа ќе пронајдат многу повеќе забавни изненадувања на Фејсбук-страницата“, соопшти авиокомпанијата.
„Визер“ ја започнува својата експанзија од 2018 година во Будимпешта оваа недела, со доаѓањето на дополнителен нов „ербас А320, кој ќе биде 11. авион со седиште во унгарскиот главен град, што ќе се совпадне со започнувањето на новата возбудлива маршрута кон Ставангер во Норвешка.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима