-->
-->
„Визер“ ја прекина продажбата на билети до Барселона, Лондон и Ваксјо
-->
Нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ од октомври повеќе не продава билети за авиолиниите од Скопје до Барселона и од Охрид до Лондон.
На официјалната веб страница на компанијата не може да се резервираат билети за овие дестинации од октомври поточно последниот лет од Скопје до Барселона за кој може да се резервира билет е 26 октомври, а од Охрид за Лондон 24 октомври.
Билети веќе не можат да се купат и за летовите од скопскиот аеродром до Ваксјо во Шведска по 16 септември.
Од компанијата нема официјална потврда зошто по овие термини не може да се резервира билет.
Македонската Влада го поништи последниот тендер за доделување субвенции за нискобуџетски летови на кој едниствена пријавена компанија беше „Визер“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција