„Виталиа“: Набавените суровини се во согласност со регулативата на ЕУ
Во врска со резултатите од суперанализите на Агенцијата за храна и ветеринарство за соините шницли и трошки увезени од Србија од страна на „Виталиа“, попладнево се огласи компанијата која наведува дека Европската Унија дозволува минимум концентрација на ГМО во храната и сè што е под 0,9 отсто се третира како Нон ГМО.
- Истото законодавство го има и Србија, поради што суровините кои се набавени од страна на нашата компанија се со спецификација согласно ЕУ регулативата и со потврда дека производите се произведени од генетски немодифицирана соја. Со новиот правилник во Македонија донесен пред три години, со кој се забранува какво било присуство на генетски модифицирани организми, Македонија се одалечува од европското законодавство што може сериозно да му наштети на стопанството, соопшти „Виталиа“.
Компанијата посочува дека во корист на индустријата и потрошувачите ќе побара хармонизација со европското законодавство затоа што, како што наведува, Правилникот е неконструктивен и ваквите отстапувања само предизвикуваат паника кај јавноста.
Ново на Сител
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот
-
Руте: Путин знае дека ќе изгуби ако го нападне НАТО
-
Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра