Бизарно но вистинито
5. July 2020 - 12:20

Вистината за тоа како Џим Џонс натерал 1.000 луѓе да се самоубијат

Џим Џонс и неговите следбеници беа познати како Храм на народот, а нивната приказна, вклучително и комуната во џунглите на Гвајана и масовното труење со сок во прав во кој се раствори цијанид, се длабоко вкоренети во јавната свест.

Телевизиската серија на каналот „SandanceTV“, чиј копродуцент е Леонардо Ди Каприо, ги открива мотивите на еден од најпознатите лидери на сектаи во историјата на шокантен начин. „Џонстаун: Хорор во Џунглата“ е застрашувачки поглед кон основачот на движењето одговорен за самоубиство, за смртта на 917 луѓе, од кои 276 деца, во еден ден.

Сектата Храмот на народот постоеше малку повеќе од 20 години, за тоа време се здоби со значително политичко влијание во Сан Франциско и други градови во САД. Членови, па и цели семејства од посиромашните општествени слоеви, привлекувал со учење за расна хармонија и социјална правда. Секатата започнува во Индијанополис (САД) а потоа се сели во Редмонд Вали.

„Социјализмот е Бог“, зборувал Џим Џонс, ги охрабрувал членовите на сектата да живеат во заедница и „да се жртвуваат за поголемо добро“.

Неговите современици велат дека во тоа време почнал да зема дрога, дека имал многу жени и вршел обреди на лажно заздравување на членовите на неговата заедница. Откако се здобил со голем број приврзаници во Сан Франциско, Џонс ја открил и својата садистичка страна: тој безмилосно ги тепал членовите на сектата за помали престапи, како што се пирсинг на ушите или сексуални односи. Формирал „Одбор за планирање“ од најлојалните членови кои ги шпионираа другите. Да се ​​напушти сектата, “црквата“ било строго забрането, а Мери Мага, авторката на книга за Џонстаун, пишува дека „бегството било најголемиот грев“.

Членовите, со пристапувањето, го донирале својот имот на сектата.

Но, заради својата комунистичка идеологија сектата не остана анонимна, туку го привлекла вниманието на јавноста по што следеа истраги. Затоа, најголем број верници во седумдесеттите години заминале во Гвајана заедно со лидерот Џим Џонс.

Во 1973 година, Џим Џонс одлучил да го пренесе своето видување за социјалистичка утопија на следното ниво со градење населба во Гвајана, социјалистичка јужноамериканска земја, каде што англискиот бил главен јазик. Првично, „Џонстаун“ било „награда“ за лојалните членови, но бидејќи угледот на Џим Џонс се влошувал во Соединетите држави, тој ги поканил сите членови да му се придружат во џунглите на Гвајана.

Во САД потоа се случувале масовни поплаки и пријави од страна на блиските членови на сектата заради измами со губење имот и заложништво на членовите, по што следела посета од америкакснки конгресмен во седиштето на сектата, и убиство на конгресменот. Настанот ја дигнал американската власт на нозе. Но, под таа закана членовите извршиле масовно самоубиство на повик и по барање на лидерот на сектата Џим Џонс за да не дозволи упад на полицијата и апсење, негово и на членовите. Луѓето морале во исто време да испијат сок со цијанид, а оние кои го одбиле тоа биле убивани со огнено оружје.  

Ова се шесте најважни работи за „Храмот на народот“.

„Храмот на народот“ е секта основана во 1955 година во Индијанаполис од Џим Џонс. Идејата на секта првично беше да испраќаат христијански пораки со елементи на комунистичка и социјалистичка идеологија со акцент на расната еднаквост. Првата црковна зграда се наоѓала во делот на Индијанаполис каде, покрај белците, живееле и Афроамериканци.

Бројот на членови на сектата никогаш не е утврден, но се проценува дека меѓу три и пет илјади луѓе биле дел од „Храмот на народот“. Според некои податоци, за кои се смета дека се претерани, „Храмот на народот“ имал околу 20.000 членови.