Македонија
27. July 2015 - 19:52

Високите температури ќе донесат повисоки сметки за струја

Во јули годинава за 5,6 отсто зголемена потрошувачкаа на елекетрична енергија  во споредба со истиот месец лани. Високите температури ја зголемија потошувачкта на струја.

Само во скопје  викендов се потрошени 9600 мегават електрична енергија, а на ниво на цела држава близу 30 000 мегават часови.

Најголема потрошувачка е регистрирана во Скопје и тоа на 20 јули, тој ден скопјани потрошиле 5000 мегават елеткрична енергија. Само ововј ден потрошувачката на струја во споредба со ситиот ден лани е зголеемна за 12 отсто.

Проблеми во снабдувањето нема и има доволно енергија и капацитети на дистрибутивната мрежа. Опасност за дистрибутивната мрежа во овие временски услови се пожарите. Мрежата на средно и високо напонско ниво најчесто минува низ планински места па често пожарите можат да зафатат и дел од столбовите. Минатата година имало проблеми со пожарите во ресенскиот дел, оваа година имаше случај во кој беше зафатен дел од мрежата во охридскиот регион кај Галичица, но без поголеми штети. Од ЕВН велат дека екипите секогаш се подготвени да интервенираат и да се надминат евентуалните проблеми.

И од салоните за бела техника соопштија дека  топлото време  за 40 проценти ја зголемило продажбата на клима уреди, фрижидери и вентилатори.