Високите температури ќе донесат пониски сметки за парно
Високите температури се очекува да ги намалат сметките за парно. Од БЕГ велат дека поради топлото време потрошувачката на топлинска енергија е намалена, а тоа позитивно ќе влијае на висината на израмнетите фактури.
Разликата на количината на испорачана топлинска енергија до потрошувачите (која е регистрирана на мерилата во топлинските станици) од прогнозираната во авансните фактури, ќе биде израмнета во сметките што потрошувачите ќе ги добијат во текот на мај, јуни и јули, кога вообичаено и се врши порамнување.
Висината на порамнителните сметки е различна за секој потрошувач и зависи од енергетската ефикасност на објектот и од количината на испорачана топлинска енергија во согласност со надворешните временски услови, се вели во дописот од компанијата.
Нова корекција на цената на парното ќе се прави дури во јули. Од регулаторната комисија за енергетика иако велат дека е рано да се прогнозира дали граѓаните ќе добијат помали сметки, тврдат дека има намалување на трошоците за природен гас и очекуваат тоа да влијае на цената на потрошувачите.
Согласно регулативата грејната сезона трае до 15 април, но во зависност од временские услови може да се продолжи до крајот на месецот. Во моментов на градско парно се приклучени над 50 илјади домаќинства. Од РКЕ велат дека има нови приклучени објекти, а дел од оние кои претходно го откажале, поврторно се вратиле на мрежата. Очекуваат во идина бројот на корисници да се зголемува.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар