Високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутериш на средба со Ципрас
Високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутериш, кој е во посета на Грција и за време на викендот го посети островот Лезбос, кој е една од главните точки за влез на мигрантите од Турција, денеска ќе има средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
- Европа треба да ја зголеми хуманитарната помош која ја обезбедува за Сирија и соседните земји, како Јордан, Турција, Ирак, кои примаат голем број бегалци, рече Гутериш при посетата на островот Лезбос.
Тој истакна дека ЕУ треба да покаже солидарност и со Грција.
- Унијата мора помогне при постапките за азил, а и овие луѓе да бидат распределени на фер начин во сите земји членки, изјави високиот комесар на ОН за бегалци.
Лезбос е мал остров, кој прифатил од почетокот на годината над 250 илјади бегалци и мигранти.
Ново на Сител
-
Секоја втора жена не работи
-
Затворени 28 објекти без лиценца и минимум технички услови за работа
-
Решението за глувците во училиштето во Бутел е дератизација, вели министерката Јаневска
-
Вандализирана градинка во Бутел
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Скроена новата потрошувачка кошничка
-
Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија
-
Јаневска: Директорот да изврши дератизација