Високи средно дневни параметри на ПМ -10 и ПМ 2,5 честички во Велес
Две од трите нови мерни станици за амабиентален воздух на ЕД „Вила Зора“ во Велес вчера покажале загрижувачко високи средно дневни вредности на опасните по здравјето ПМ -10 честичките од 73,80 микрограми на метар кубен, на мерното место во Нова Населба кај ООУ „Васил Главинов“. Ова е над дозволената граница која изнесува 50 микрограми на метар кубевн воздух.
На мерното место во центарот на градот биле 56,20, што е за нешто повеќе од максимално дозволената граница.
Тројно повисоки биле средно дневните концентрации на помалку опасните ПМ 2,5 честички кои во Нова Населба вчера биле 71,80. Ова е скоро трипати над дозволената граница од 25 микрограми на метар кубен воздух, а на мерното место во центарот на Велес биле 54,20, што е скоро двојно повисоко од дозволената граница.
Најповолно било мерното место во Шорка каде ПМ 10 честичките вчера биле 49,80 микрограми на метар кубен воздух, што е блиско до границата од 50 микрограми на метар кубен воздух.
Како што информира за МИА Сашка Коцевска од ЕД „Вила Зора“ тие мерат секој час и на крајот на 24 часа прават средно дневна вредност за тој ден.,а резулатите ги објавуваат на „ekodata.live“.
-Вчерашните средно дневни концентрации на ПМ-10 честичкит како и на ПМ 2,5 се загрижувачки и лошо влијаат врз здравјето на граѓаните, затоа ние алармираме до граѓаните и фирмите да го намалат загадувањето при затоплување на домовите и индустриските капацитети, апелира Коцевска.
Инаку, мерните станици се поставени од декември во соработка со ИНФОПРОЈЕКТ, а по проект добиен од Фондот за иновации и се според Европските стандарди за квалитет на воздух.
Освен ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките контунуирано се мери и јаглероден моноксид, сулфур диоксид, брзина на ветер,температура, атмосферски притисок, бучава и влажност.
Ново на Сител
-

Променливо време со дожд, грмежи и заладување
-

Грант од 500.000 евра за УГД - Штип, училиштето „Кочо Рацин“ од Свети Николе и три компании
-

Јане Ченто ќе ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска, најави вистинска правда за 27 април
-

Повторно дојави за бомби во Загреб, во тек евакуација на основни и средни училишта
-

Скопската вода за пиење е безбедна, потврдуваат анализите
-

Белгискиот премиер со став дека ЕУ треба да почне преговори со Русија за окончување на војната во Украина
-

Директорот на египетската репрезентација: Салах има скината тетива и ќе му бидат потребни четири недели лекување
-

ЕСПН: Нејмар го пропушти тренингот на Сантос без да објасни зошто
