Високи функционери во МВР забраниле на полицајците во Арачиново да казнуваат

Полицајците кои работат во одделението во Арачиново не казнуваат бидејќи немале казни. Тие се жалат дека по наредба на високи функционери од МВР, било забрането да ги добиваат казните. Полицаецот Дејан Саздов, вработен во ПО Арачиново и претседател на Независниот синдикат на полицијата, вели дека оваа практика со незадолжување на списи е со години, односно по повторното отворање на одделението во Арачиново, пишува makfax.com.mk.
Со оваа одлука на функционерите на МВР, полицаецот тврди дека незаконски им се одземаат дел од овластувањета на полициските службеници, а со тоа има привилигирани и непривилигирани делови од Скопје. Граѓаните од тој дел на Скопје барале полицијата да преземе мерки за безбедноста во сообраќајот, вели Саздов, кој додава дека ќе бара образложение од министерот Оливер Спасовски и директорот на БЈБ, Лазо Велковски, за тоа од кои причини полициските службеници се попречени да преземаат службени дејствија.
Саздов е во казнена експедиција во Арачиново, тврди тој. Полицаецот бил вработен во сообраќајна полиција по што поради недоразбирања и постапка на Внатрешната контрола бил преместен да обезбедува амбасади. Откако ги тужел и ја добил тужбата, бил вратен во старото одделение, но распределен во ПО Арачиново.
Целиот текст прочитајте го на makfax.com.mk.
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
