Високи дипломати од Чешка и Словенија во посета на Македонија

Во заедничка работна посета на Република Македонија денеска ќе допатуваат заменик министерот за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Република Чешка, Јакуб Дур и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Изток Мирошич.
Високите претставници од чешкото и словенечкото МНР ќе имаат средба со државниот секретар во македонското МНР, Виктор Димовски при што ќе разговараат за интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, внатрешно-политичката состојба во земјата и односите со соседите.
Како што соопшти македонското МНР, во рамките на посетата, високите дипломати од Чешка и Словенија ќе остварат средба и со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Дур и Мирошич ќе одржат и заедничко предавање пред студентите од отсекот за политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Ново на Сител
-

Либанската армија се повлекува од своите позиции во близина на границата со Израел
-

Вкупно 473 наши државјани досега ги контактирале ДКП-ата во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

ОЈО: Мајката и детето биле заклучени сами во станот, едно лице e задржано во полициска станицa
-

Патниот правец Ќафасан - Елбасан денеска повторно отворен за сообраќај за сите видови возила
-

Кина повика на зачувување на безбедноста во Ормускиот теснец
-

Денеска средба Трамп-Мерц во Вашингтон
-

Почуствуван земјотрес во Тетово
-

Сончево и свежо утро, максимална температура до 20 степени
