Висок функционер на ОН го информира Советот за безбедност дека Исламската држава и нејзините филијали се засилуваат во Африка
Висок официјален претставник на ОН за борба против тероризмот денеска го информираше Советот за безбедност дека огромни региони на Африка би можеле да паднат под контрола на групи поврзани со терористичката организација Исламска држава и нејзините филијали, пренесоа американските медиуми.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Во редовниот извештај до Советот, заменик-генералниот секретар на ОН за борба против тероризмот, Владимир Воронков, рече дека филијалите на групата Исламска држава ги „прошириле и консолидирале своите области на дејствување“ во Западна Африка и Сахел.
-Огромна територија што се протега од Мали до северна Нигерија практично би можела да дојде под нивна контрола доколку нивното влијание продолжи да се шири, рече Воронков.
Тој посочи дека филијалите на Исламската држава ги прошириле своите операции и во други делови на континентот, вклучително и делови од Мозамбик, Сомалија и Демократска Република Конго, каде што имало „драматичен пораст на терористичките напади“ во кои загинаа голем број цивили.
Воронков пред Советот изјави дека Исламската држава ги покажала своите глобални намери со преземање на одговорност за нападите на Исламската држава – Хорасан и зголемување на своите операции во Ирак и Сирија.
Ново на Сител
-
Приведени двајца росоманци, пријавени за закани кон кавадаречкиот градоначалник и неговото семејство
-
44-годишник си ја истепал сопругата и нејзиниот малолетен син
-
Во сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе, повредени неколку лица меѓу нив и тримесечно бебе
-
ЈП Водовод и канализација: Апел до скопјани за рационално користење на водата за пиење
-
Двајца малолетници и две женски лица на 19 и 41 година приведени за престрелката во Тетово
-
Приведен 43-годишнен кавадарчанец, управувал возило со 2,31 промили алкохол
-
Управувал возило со 2.05 промили алкохол во крвта, приведен 22-годишник
-
Топлотен бран ја зафати Европа: Пожари беснеат од Шпанија до Балканот