Виртуелен состанок по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата
По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со aмериканските катчиња во Македонија ќе организира виртуелен состанок со група експерти каде ќе се дискутираат креативни начини за борба против корупцијата.
Виртуелниот состанок, што ќе се оддржи вечер во 18:00 часот, е дел од активностите на Амбасадата на САД, што имаат за цел да ја подигнат свеста за прашања поврзани со корупцијата, за ефектите на корупцијата врз демократските институции, како и за тоа колку е важно властите да бидат одговорни пред граѓаните.
Настанот во Американското катче во Скопје ќе го отвори амбасадорот на САД, Џес Бејли. Виртуелниот состанок ќе содржи 30-минутна презентација и панел дискусија, по што ќе следи сесија на прашања и одговори со учесниците во панел дискусијата.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера