Вироза на грип во Штип - 500 интервенции во Брза Помош за време на викендот и 27 хоспитализирани деца
Променливото време, интензивното дружење на децата во предновогодишниот период на приредби и прослави се главни причини за големиот број заболени од вироза, која епидемиолошки одговара на грип во Штип. Од детското одделение информираат дека оваа состојба е покарактеристична за јануари и февруари, но годинава поради веќе наведените причини има зголемен број на хоспитализирани деца поради компликации од првични инфекции.
-Во моментот на одделебието има 27 деца. Дел од нив чекаат за испишување, а некои од нив сега се примаат-изјави д-р Марина Гацова, раководител на детско одделение- Клиничка Болница -Штип
Поради намалениот имунитет, вирусот на грип ги напаѓа и постарите лица. Само за време на двата дена од викендот во итната медицинаска помош се прегледани над 500 пациенти.
-Од 500-те евидентирани случаи, околу 80 % имаа симптоми на вирусот. Преовладуваа претежно кај мали деца и стари луѓе.- изјави д-р Дејан Рунтев, началник на Итна помош-Штип
Евидентирано е и зголемување на заболени ученици во основните и средните училишта што се рефлектира врз изостаноците.
-Особено загрижува податокот од ООУ „Ванчо Прќе“, само во првата смена отсуствуваа над 100-тина ученици, конкретно станува збор за 111 ученици во првата смена-изјави Соња Николовска, одделение за просвета при ЛС – Штип
Надлежните смируваат дека состојба е под контрола и дека полека ќе се стабилизира до крајот на неделата, кога учениците ќе заминат на зимски распуст.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
