Вински тераси во Охрид
Во организација на Македонската асоцијација на сомелиери – МАСОМ денеска во охридскиот ресторан „Канео“ ќе се оддржи манифестацијата „Вински Тераси – Охрид“.
На настанот, со почеток во 18:00 часот, дел од македонските винарници ќе ги претстават своите вина на домашните и странските туристи. Гостите ќе имаат можност да дегустираат преку 100 различни вина по свој сопствен избор.
– Настанот е насловен „Вински Тераси – Охрид“, со цел да се потенцира тесната врска помеѓу „лозовите тераси“ како микролокации од каде најчесто доаѓа најкавлитетното винско грозје до „винските тераси“ од сегментот на ресторатерството и хотелиерството каде тие вина треба да се понудат на посетителите во туристичките дестинации на соодветен, правилен начин, велат организаторите.
МАСОМ смета дека вакви вински настани треба да станат традиција по нашите туристички места.
– Претставувањето на македонското вино на странските пазари треба да го ставиме во еквилибриум со домашниот пазар, особено во туристичките оази како што е Охрид, велат од МАСОМ.
Ново на Сител
-

Шпанија со пресврт ја победи Хрватска
-

Во ЕУ ќе се разговара за сомневањата за појава на чума во Сибир
-

Трамп: Никој не знае кој управува со Иран
-

Шведската полиција застрела вооружен маж пред Кралската палата во Стокхолм
-

Киев рано утрово повторно цел на руски напади со ракети и дронови
-

Седница на Судски совет, на дневен ред донесување нов Деловник за работа
-

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта

