„Виновни“ се новите правила
Вистинска драма досега невидена на меч од Европско првенство се случуваше вечерва на натпреварот меѓу Германија и Словенија во рамки на групата каде се наоѓа и Македонија.
Имено, при резултат од 24:23 за Словенија, Германците погодија за нерешен резултат на само неколку секунди пред крајот. Веднаш по погодокот на Германците, Словенците изведоа брз центар и погодија за 25:24, буквално со гол во последните секунди. После ова истече времето.
Сепак, наместо крај на мечот, тоа всушност беше старт на една драма. Германците негодуваа кај судиите, сметајќи дека словенечкиот пикер Благотиншек неправилно го започнал нападот на Словенија од центарот на теренот.
По неколкуминутно прегледување на снимката, судиите донесоа скандалозна одлука. Благотиншек доби црвен картон, а Германците добија пенал кој го реализираше Рајхман за 25:25.
„Виновни“ се новите правила!
Новите ракометни правила зачинети со видео технологијата им ја одземаа победата на Словенците против европскиот шампион.
Проблемот се јави по донесената одлука дека Благотиншек им попречил на Германците при брзиот центар. Според новите правила ако тоа се случи во последните 30 секунди на било кој дел од теренот, противникот добива пенал, а играчот кој го направил прекршокот директен црвен картон.
Ново на Сител
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница