Вино, деликатеси и многу музика на „Вино Скоп 2016“
Дегустација на вино, храна и многу забава за сечиј вкус, најавуваат организаторите на јубилејниот 10.„Вино Скоп“ што почнува вечер и ќе трае до 2 октомври.
Фестивалот ќе се одржува на плоштадот „Мајка Тереза“ пред МОБ, секој ден до недела, од 12 часот. Го организира „Темов“, а покровител е Град Скопје. Влезот како и секоја година е бесплатен.
- И овојпат нудиме одлична забава за граѓаните. Во петте фестивалски ќе може да се дегустираат вино од десет македонски винарии, вински коктели-сангрија и вино мохито, како и македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомеснати производи. Очекуваме посетеноста да биде поголема од претходните години, истакна градоначалникот Коце Трајановски.
Музичката програма ќе понуди џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно, шлагери... Предвидени се настапи на Јаков Дренковски, Мики Јовановски - Џафер, Владо Јаневски, Куку Леле, млади домашни и бендови од Србија, како и журки со познати ди-џеи.
Како што информира Трајановски, Градот Скопје за годинашниот „Вино Скоп“ одвоил 700.000 денари поддршка.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар