-->
-->
Вимблдон: Федерер победи, Вилис ги собра аплаузите
-->
Третиот ден на Вимблдон донесе вистинска атракција во мечот од 2.коло меѓу седумкратниот победник на турнирот 34-годишниот Рожер Федерер и Британецот Маркус Вилис.
Федерер мечот го доби за 1 час и 24 минути со 6-0; 6-3 и 6-4 во гемови, но Вилис ги собра аплаузите на Централниот терен. За Британецот ова беше седми меч на Вимблдон откако успешно ги мина двата филтара на квалификации. На стартот од мечот најверојатно импресиониран од самиот настап на Централниот терен сетот го загуби без освоен гем, понатаму беше поинаку но сепак Федерер беше предобар за Вилис.
Британецот (25 години) на Вимблдон се појави како 772 тенисер на светот со само 200 фунти заработка оваа година, а сега со настапот во второто коло ќе добие 50.000 фунти и ќе има скок од 350 места.
Тој во 1.коло го победи Рикардис Беранкис (53.АТП). На почетокот на годината Вилис сакаше да се повлече од тенисот и да биде само тренер. Најголема заслуга што остана да игра има неговата девојка Џенифер Бејт.
Инаку, денеска имаше малку тенис на Вимблдон поради дожд, а победа и пласман во 3.коло покрај Федерер постигна и Новак Ѓоковиќ кој го победиа Маранино со 3-0 во сетови и со тоа постави рекорд од 30 победи во низа на Грен слем турнири.
Зад него на листата се Род Лејвер со 29, Федерер има 27, а Пит Сампрас и Рафаел Надал по 25.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: Европската Унија мора брзо да ги зголеми трошоците за одбрана
-
Свечена церемонија по повод 55 години од формирањето на Одделот за воздухопловни единици при МВР
-
Фрлени две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан во северно Косово
-
Муцунски се сретна со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Сарацин
-
Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност
-
Претрес во Охрид, пронајдена дрога
-
Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста
-
Баерн го израмни рекордот на Барселона за непобедлива серија на домашен терен во ЛШ