„То Вима“: Времето тече, решението се оддалечува

Во последните 20 дена, атмосферата во разговорите за името во ништо не потсетува на насмевките и оптимизмот што првично ги испраќаа пред и по средбата на Алексис Ципрас со Зоран Заев во Давос минатиот јануари, вака весникот „То Вима“, го започнува текстот посветен на последните случувања на релација Скопје- Атина.
Во анализата под наслов „Времето тече, решението со оддалечува“, искусниот новинар пишува дека се намалува просторот за договор, бидејќи и понатаму е ненадмината разликата за ерга омнес и промена на Уставот. Овие, според „То вима“ биле и главните пречки на неодамнешната средба во Виена, средба што се движела „во спротивна насока од претходно јавно изразениот оптимизам на комесарот Хан“.
- Времето тече. Веќе се чини дека двете страни започнаа да размислуваат, не само на добрите сценарија, туку и на начинот на управување на играта со префрлање на вината, во случај на неуспех во преговорите. Странски дипломати исто така се појавуваат веројатно песимисти. Како што велат, ако рокот до летото помине, од есен и двете земји влегуваат во предизборен период, пишува „То Вима“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, весникот ги споменува следните средби на шефовите на двете дипломатии, на крајот од седмицава во Солун и на 11 и 12 мај во Сунио, во близина на Атина, но и можноста за средба на Зоран Заев и Алексис Ципрас на Самитот во Софија на 17 мај. Во бугарската престолнина, тогаш ќе се одржи состанок на ЕУ- Западен Балкан.
- Средбата во Софија, за грчката страна е краен датум до кој господинот Ципрас ќе оцени дали можеби има простор да ја преземе политичката цена за решение на македонското прашање. Ова го споменуваат владини извори, во изминатите денови за „Вима“, додавајќи дека премиерот потоа ќе треба да ја фокусира неговата енергија исклучиво на преговорите за постмеморандумскиот период. Доколку околностите дозволат, би можело да постои средба со неговиот скопски колега Зоран Заев во Софија, на која ќе се донесат конечни одлуки, дали позитивни или негативни, пишува „То Вима“.
Ново на Сител
-

ИЕА очекува пад на производството на нафта во 2026 година на околу 102,2 милиони барели дневно
-

Полицаец во обид да избегне лисица паднал со службен мотор на Водно
-

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција
-

АХВ: Не сме дале изјава дека вчера заловеното животно во Козле е куче, а не волк
-

Паника и недостиг од излези во „Пулс“, стои во пишаните сведоштва на две девојки, одбраната побара да не се прифатат овие докази
-

Јаневска по случајот со повредениот ученик: Неопходна е секторска соработка, но и родителите да посветат внимание на своите деца
-

ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, тоа што СДСМ одамна го изгуби својот идентитет е нивен проблем со кој брзо ќе се соочат на избори, вели Мицкоски
-

Љупчо Николовски повикан во полициска станица, тврди дека случајот е политички монтиран
