Вилијам и Кејт ги однесоа своите деца на прво скијање

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт ги однесоа нивните деца, двегодишниот Џорџ и десетмесечната Шарлот на прво скијање.
Симпатичното кралско семејство деновиве престојуваше во Франциа, каде во тајност да уживаше во сите убавини на зимата, но фотографии од овој семеен одмор сепак се појавија во јавноста.

На фотографиите може да се види среќното четиричлено семејство како позира во снегот, а на една фотографија Вилија се обидува да и „фрли“ снег на Кејт.
Познатите родители успеаја да ги избегнат папараците и поканија само еден фотограф за да ги забележи среќните семејни моменти кои одлучиле да ги споделат со целиот свет.

Децата на фотографиите носат мали скафандери - Џорџ син, а Шарлот бел, а британски медиуми веќе објавија дека за облека на малита принцеза е „одговорна“ куќата „Џон Левис“.
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
