Вилбур Рос: Конкурентите треба да го искористаt Брегзит за преземање на британските бизниси
Идниот американски секретар за трговија Вилбур Рос им сугерира на британските конкуренти на меѓународниот пазар да ја „искористат ситуацијата и да профитираат од Брегзитот“, преземејќи ги бизнисите и позициите на Велика Британија, што таа ги има како членка на ЕУ, пишува „Тајмс“.
- Британија ќе се соочи со период на конфузија кога ќе излезе од Унијата, па затоа е неминвно да дојде до прелоцирање на бизнисите и на инситуциите, што сега се најзината територија, изјавил Рос во разговор со европски инвеститори во САД.
Рос, кој како и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп е бизнисмен и милијардер, тврди дека одлуката на Британците да заминат од ЕУ по 43 години членство. е „можност дадена од Господ за финансиската конкуренција на Велика Британија“.
Според него, најмногу од сите во ЕУ, Брегзитот им нуди шанси на Даблин, како и за Франкфурт, каде веќе се наоѓаат Европската централна банка и берзата на ЕУ.
Лондонски „Тајмс“ проценува дека ваквата изјава Рос, кој ќе ги предводи преговорите за постигнување договор за слободна трговија меѓу САД и Велика Британија, ќе ја засили веќе присутната загриженост во дел од британската јавност за иднината по Брегзитот и посебно за губењето на статусот на финанскиот центар Сити.
Весникот предупредува дека пораките на Рос, иако дадени во време кога се уште не беше именуван за секретар, откриваат дека САД и новата републиканска администрација ќе настојуваат да ја искористат британската изолација што ќе настане по Брегзитот.
Трамп во текот на својата предизборна кампања го поддржуваше излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
Британските опозициски лабуристи изјавата на Рос ја објаснија како „силно предупредување“ до сите кои заговараа Брегзит, дека сите други земји ќе ја искористат за себе „ослабнатата позиција“ на Велика Британија.
Ново на Сител
-
19-годишно момче од Македонија се удави во Ханиоти
-
И нанел набиеници со крвни подливи и се заканувал дека ќе ја убие, обвинение за таткото што ја тепаше 4-годишната ќерка
-
Бела куќа: Иран не го преместил збогатениот ураниум пред нападот
-
ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните од топлото време
-
Бројот на умрени од насилна смрт лани зголемен за 24 проценти, над две третини се мажи
-
Средба Славески - Рокас: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка
-
Џака нема дозвола од Баер Леверкузен за трансфер во Милан
-
Лалана ја заврши кариерата