Кошарка
5. April 2016 - 15:05

Виланова шампион во НЦАА

Екипата на Виланова ја освои титулата во американската кошаркарска колеџ (НЦАА) лига, откако славеше победа во финалето против Северна Каролина со 77:74.
 
Натпреварот одигран ноќеска во Хјустон имаше драматичен финиш и одлучен буквално во последната секунда. На пет секунди до крајот Маркус Пејџ погоди тројка за изедначување, но во следниот напад Крис Џенкинс со прецизен шут од повеќе од осум метри го реши победникот.
 
Најефикасен во победничкиот тим беше Бут со 20 поени, а кај Северна Каролина Пејџ уфрли 21 поен.
 
За Виланова ове е втора титула. Првата ја имаше освоено 1985 година.