Викторија Нуланд во посета на Албанија и Косово

Десет дена пред да седницата на албанскиот Парлемент на која треба да бидат усвоени реформите во правосудството, САД прават директен напор за да ја убедат албанската политичка елита да ги поддржи уставните измени, јави дописникот на МИА.
За таа цел, денеска попладне во Тирана ќе престојува помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд.
Според агендата која ја објавуват албанските медиумите, Нуланд во Тирана ќе се сретне со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати и со лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, ќе има средба со претставници на граѓанскиот секор, а посета на Албанија ќе ја заврши со заедничка вечера со премиерот Еди Рама.
САД директно инвестираше во реформите на албанското правосудсво, преку мисијата ОПДАТ, но и преку постојаните напори на американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу, кој деновиве упати писмо до пратениците на албансккот Парламент со кое ги повика да гласаат за предложените реформи.
Нуланд денеска ќе престојува и во Пришина, каде е предвидено да се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи, со спикерот на Парламентот Кадри Весели, со премиерот Иса Мустафа, со потпретседателите на Владата, Хајредин Кучи и Бранимир Стојановиќ,како и со шефот на дипломатијата Енвер Хоџа.
На срдбите ќе стане збор за последните случувања во Косово,посебно прашањето околу демаркацијата на границата со Црна Гора.
Не се прдвидени средби на Нуланд со косовската опозиција.
Ново на Сител
-

Зеленски: Ако се сретнам со Путин, ќе разговарам за брзо завршување на војната, а не за историја
-

Вајц: Северна Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски
-

Герасимовски: Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите
-

Муцунски: Над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати
-

Трамп: Не сум расист, освоив повеќе гласови од Црнците од кој било републиканец
-

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол осуден на доживотен затвор
-

Студено утро со минусни температури, попладне до 14 степени
-

АХВ потсетува на законската обврска: Кучињата мора да бидат микрочипирани
