Википедија се збогатува со содржини од македонската историја
Државниот архив на Република Македонија информира дека проектот „Македонски војводи и револуционери“ забрзано се реализира на Википедија и веќе ги дава очекуваните резултати.
- Над 155 постоечки статии за личности од македонско револуционерно минато се веќе надополнети со научно-потврдени сознанија, креирани се 40 нови статии за историски личности од овој период на Википедија на македонски јазик, соопшти Државниот архив.
Овој проект се реализира од 20 јануари 2017 година во соработка со Здружението за споделување слободни содржини ГЛАМ Македонија од Скопје и ќе трае до јуни. Проектот, како што се наведува, треба да постигне дополнување и поткрепување со проверени извори од македонската историска наука на постоечките статии за македонските војводи и револуционери, но и да се создадат нови статии за ликови од македонската историја за кои досега не постоела статија на Википедија на македонски јазик.
Според директорот на Државниот архив Филип Петровски на овој начин се дава придонес во достапноста на македонската историска вистина и афирмацијата на минатото на македонскиот народ на Википедија на македонски јазик за сите заинтересирани. Во проектот активно се вклучени неколку вработени во Државниот архив и членови на Здружението ГЛАМ Македонија.
Државниот архив, според Петровски, и понатаму ќе продолжи со реализација на проекти кои ќе го популаризираат историското минато на македонскиот народ.
Ново на Сител
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-
Во буџетот нема пари за субвенционирање на придонесите за минималец од 500 евра, велат експерти
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Само еден тендер за мазут преку компанијата на Капушевски е објавен на електронски систем
-
Собранието изгласа недоверба на 5 члена на Судски
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
ИЈЗ: Загадениот воздух се поврзува со смртта на околу 4000 луѓе годишно во Македонија