Викендов во сообраќајки во Скопје четири лица потешко повредени
Четири лица се потешко повредени во четири од вкупно 32 сообраќајни незгоди што викендов се случиле во Скопје. Во 13 сообраќајки со телесни повреди се здобиле 33 лица, а во 15 сообраќајки била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто четiриесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, девет возачи поминале на крстосница на црвено светло, четири возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи за неправилно престројување, како и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница.
Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.
Од сообраќај, биле исклучени вкупно 65 возачи, од кои 25 кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 35 возачи пред да се стекнат со право на управување и пет возачи почетници, како и две технички неиспрани возила и 35 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 164 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 120 возила.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа