Македонија
6. July 2015 - 16:20

Викендов над 1200 мигранти влегле во Македонија

Додека двајца мигрантите се разладувале на чешмата на железничката станица во Гевгелија, итар Гевгеличанец се одлучил да краде. Два ранци, кои ги оставиле полни со пари и документи ги собрал и си го однел дома.

Исплашените мигранти пријавиле во полиција и кај службениците на УНХЦР, а очевидци го откриле идентитетот на крадецот.Во текот на викедот МВР издало 1209 потврди на илегални мигранти кои изразиле намера за поднесување барање за аил.

Повторно најголемиот дел од нив се од Сирија. Во Прифатниот центар за баратели на азил според потаоците на полицијата во моментов се сместени 33 лица од кои 25 мажи, една жена и седум деца кои се без придружба на родители. Двајца од мигрантите се со повреди на нозете, а нема ниту една трудница.

Викендов и екипите на црвениот крст пружиле прва помош на 380 лица. Поголемиот дел на граничниот појас во Гевгелија на железничката станица во градот и во Табановце.

Соработка со грчките власти се уште оди тешко. Додека Македонија обезбедува помош за лицата кои илегално влегуваат на територјата на државата, од другата страна на границата полициските патроли забележително и на овие фотографии не правземаат ништо за спречување на илегален премин на граничната линија.  Очигледно дека е најлесно друг да го решава проблемот.