Фудбал
4. March 2016 - 15:39

Викендов без прволигашки фудбал во Скопје

Поради безбедносни препораки на МВР викендов во Скопје нема да има прволигашки фудбал. 

Работнички како домаќин со Шкупи  ќе игра в недела во Велес и тоа без присуство на публика. 
Дуелот Шкендија – Младост Царев Двор, кој беше првично закажан да се игра в недела на стадионот во Чаир е презакажан за во понеделник од 14 часот. Колото завршува со дуелот на лидерот и првак Вардар со Брегалница во вторник на „Филип Втори“. 
В недела во Кратово играат Силекс и Металург додека Ренова ќе игра со Турново во Кичево. 
Почетокот на средбите е во 14ч.