Викендот во Скопје 40 сообраќајки, повредени 34 лица
Четириесет сообраќајни несреќи се регистрирани во изминатите три дена во Скопје при што со тешки телесни повреди се здобиле четири лица, а 30 лица се полесно повредени.
Како што информира СВР Скопје, во петокот се регистрирани 17 сообраќајни незгоди, од кои четири со тешки телесни повреди, во шест полесно се повредени 10 лица, а седум се со последица материјална штета.
Во осум од регистрираните 11 сообраќајни незгоди во саботата, пак, полесно се повредени 12 лица, додека во три сообраќајки е регистрирана само материјална штета.
При увидот на 12 сообраќајки во тек на вчерашниот ден е утврдено дека полесно се повредени осум лица во шест сообраќајки.
Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција санкционирала 90 возачи за непочитувале на ограничувањето на брзината на движење, осум се исклучени од сообраќај поради тоа што ги управувале своите возила под дејство на алкохол, осум поминале на црвено светло на семафори, 58 возачи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, а 84 за непрописно паркирани возила.
Санкционирани се и 52 пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, како и возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои при возење не носеле заштитен шлем на глава.
Во однос на непрописно паркираните возила со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 79 возила.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра