Викендот во Скопје 36 сообраќајки, 34 повредени

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 36 сообраќајни незгоди, во кои со полесни телесни повреди се здобиле вкупно 30 лица, а четири се со последица тешка телесна повреда.
Сообраќајната полиција, информира за МИА СВР - Скопје, во петокот извршила увид на 15 сообраќајни незгоди од кои осум се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле 14 лица.
Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак и еден возач на мопед.
Во саботата извршен е увид на вкупно 16 сообраќајни незгоди, од кои седум се со последица материјална штета, осум се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 12 лица и една е во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.
Вчера е извршен увид на вкупно пет сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета, една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле четири лица и една незгода е со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден мотоциклист.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 35 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 10 возачи поминале на црвено светло на семафор, а 11 возачи почетници сториле прекршоци по разни основи.
Затекнати се 10 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи и 13 лица кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не носеле заштитен шлем.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие три дена отстранети се 98 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишни установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Росица“ објект „Рипчиња“ која се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.
Ново на Сител
-

Орбан: Ако Зеленски сака пари мора да ги обнови испораките преку нафтоводот „Дружба“
-

Трамп: Не ни треба ничија помош
-

Нов бран ирански напади врз американско-израелски цели во регионот
-

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот, Израел ја поздрави резолуцијата нарекувајќи ја историска
-

Фондацијата „Илија Камчев“ донира 300.000 евра за уредување на кејот во Марена
-

Асоцијацијата на брокерски друштва и Министерството за финансии во дијалог за европски стандарди и фер услови на осигурителниот пазар
-

Скопската Зоолошка организира прослава за првиот роденден на гибонот Мики
-

Нарачала мебел преку социјална мрежа, останала без 550 евра - измамена жена од Арачиново
