Викендот во Скопје 25 сообраќајки, две лица тешко повредени
Две лица се тешко, а 22 полесно повредени во вкупно 25 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 12 сообраќајки била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Санкционирани се 91 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 20 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, пет возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, како и 15 возачи за не поседување зимска опрема во возилата.
Санкционирани биле и пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, а затекнати биле 114 непрописно паркирани возила.
Од сообраќај биле исклучени 38 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 44 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, осум возачи почетници, како и 26 нерегистрирани возила. Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 71 возило.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп
-
Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години
-
Полицајци на Царина барале поткуп кој потоа го делеле меѓу себе - Обвинение за 16 лица во предметот „Премин“