Викендот во Скопје 16 сообраќајки со 18 повредени
Во текот на изминатите два дена на подрачјето на СВР Скопје Сообраќајната полиција изврши увид во 16 сообраќајни незгоди од кои во три со потешки повреди се здобиле три лица, а во шест полесно се повредени 15 лица.
Како што информира МВР, во саботата Сообраќајната полиција изврши увид на пет сообраќајни незгоди од кои во две со полесни повреди се здобиле осум лица, а три поминале само со материјална штета.
Вчера полицијата изврши увид во 11 сообраќајни незгоди. Од нив во три со тешки телесни повреди се здобиле три лица, во четри полесно се повредени седум лица, а една поминала само со материјална штета.
Во текот на изминатиот викенд од страна на сообраќајната полиција, затекнати се и три возачи кои се санкционирани заради необновување на регистрација на возилото, три возачи кои управувале возило без возачка дозвола, еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол, еден возач кој со своето возило поминал на црвено светло и пет возачи на моторцикли кои возеле без заштитен шлем.
Ново на Сител
-
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
-
Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ