Македонија
22. јуни 2020 - 17:23

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19

Анализата на бројот на новодијагностицирани пациенти во Скопје опаѓа, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, додавајќи дека со резерва ги кажува предвидувањето оти оваа така ќе продолжи, заради тоа што има повеќе фактори што влијат на новодијагностицираните пациенти.

– Викендите се нешто што со недели наназад прават некаква промена на бројот и на тестови и на новодијагностицирани. Битно е дека се прави трејсинг на контактите, со сите проблеми со кој се соочуваат епидемиолозите, но кој ги надминуваме со интервенци на дневна основа, таму каде што најмногу треба. На пример на наше барање се вклучија епидемиолози од Министерството за одбрана и техничари од Воено медицинскиот центар, епидемиолозите во однос на спроведување на анкетите, а техничарите за земање на брисеви на пациенти, на кој што им се потребни контролни брисеви по одреден период за да се види дали се негативизирани (оздравени), истакна Филипче.

Министерот за здравство се осврна и на големиот број починати, наведувајќи дека најголемиот број од нив се повозрасни пациенти, односно огромен процент се со поголем број на претходните здравствени хронични состојби.

– Во оделенијата за интензивна нега навистина се се прави за овие пациенти. Меѓутоа и по секојдневните консултаци на секое ниво, со анестеолозите, со интензивистите од Клиниката за инфективни болести и други, за жал поради тешка форма на болеста имаме ваков број на починати, изјави Филипче.