Македонија
3. March 2016 - 14:35

Викенд проекции на документарци од фестивалот „МакеДокс“

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе организира „МакеДокс Кино-викенд(и)“ за да и овозможи на  македонската публика повторно да погледне некои од документарните филмови кои беа дел од фестивалската програма.
 
Првиот „МакеДокс Кино викенд“ ќе се одржи во петок и сабота, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Утревечер од 20 часот ќе биде прикажан филмот „Секојдневен бунт“, а од 22 часот „Секс за шуми“.
 
На 5 март (сабота) „МакеДокс“ ќе прикаже документарци номинирани за Оскар: „Доаѓаме како пријатели“ на режисерот Хјуберт Саупер (од 20 часот) и „Погледот на тишината“ во режија на Џошуа Опенхајмер (од 22 часот). 
 
- Со оглед на тоа што живееме во реалност која станува пофиктивна и од самите играни филмови, документарниот филм станува сѐ поинтересен за љубителите на филмската уметност, соопшти „МакеДокс“ за причината да организира проекции во викендите.