Вигенин: Кога бевме опозиција, не го напаѓавме ГЕРБ за Северна Македонија
Заменик-претседателот на Народното собрание на Бугарија и заменик-претседател на БСП Кристијан Вигенин им се обрати на пратениците на ГЕРБ истакнувајќи дека БСП никогаш не дозволиле да ги напаѓаат за темата за Северна Македонија, кога биле во опозиција, јави дописникот на МИА од Софија.
Вигенин ги повика ГЕРБ да се обидат да помогнат за одблокирање на процесот, со кој не успеале да се справат.
Тошко Јорданов, кој е претседател на парламентарната група на „Има таков народ“, му се заблагодари на премиерот Кирил Петков дека е во собраниската сала, споредувајќи го со Бојко Борисов, кој дури и не доаѓал во Народното собрание на Бугарија.
Според Јорданов, секакви напори за дијалог и економски врски треба да се поддржат, но и „Бугарија ќе поддржи Бугарите во Македонија да имаат легални права“.
Според него, нештата речиси се различни без да се наложува Бугарија да отстапува од националните интереси.
Копретседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов рече дека сака да се преземат дејствија, но како што гледа колку време поминува Владата во Парламентот, рече дека не знае кога ќе се случи тоа.
Националистичката партија „Преродба“ која е најмалата партија во 47-то Народно собрание се изјасни против, според нив, „фалсификатот и репресијата на Бугарите во Северна Македонија“.
-Треба да ја повторуваме бугарската теза на партнерите во Брисел и во Република Северна Македонија, рече нејзиниот лидер Костадин Костадинов.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа