Виетнамската „Напалм девојка“ добитничка на Дрезденската награда за мир
На Виетнамката Ким Фук Фан Ти, која веќе 50 години е позната како „Напалм девојка“ од фотографијата од Виетнамската војна наградена со Пулицерова награда, денеска ќе и биде врачена Дрезденската награда за мир, за нејзината работа како активистка.
Фотографијата ја прикажува Ким Фук, на возраст од девет години, како трча гола по пат, додека зад неа се гледаат експлозии од напади со напалм бомби во Јужен Виетнам во 1972 година.
Дрезденската награда за мир се доделува секоја година од 2010-та и покрај признание вклучува и паричен надоместок од 10.000 евра.
Ким Фук, која денес живее во Канада, е наградена поради нејзините активности за поддршка на училишта, сираци и медицински установи во повеќе делови од светот.
Во изјава за ДПА, Ким Фук вели дека се труди да ја избегнува фотографијата од 1972 со која страна позната на глобално ниво.
„Сепак, знам дека таа ми овозможи да работам за мир и тоа е мојата визија,“ нагласува Ким Фук.
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност
-
Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа