Македонија
19. March 2016 - 9:55

Виенски бал 2016 во Скопје

Традиционално по 17- ти пат вечер ќе се одржи Виенскиот бал во Скопје во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус”, а под покровителство на  амбасадата на Австрија во Македонија.

Валцерите на Штраус ќе ги изведе професионалниот оркестар „Јохан Штраус“ под диригенство на маестро Саша Николовски – Ѓумар.

Атрактивните танцови точки и оваа година им се препуштени на членовите на „Прима Данца“, а ќе  настапат и првенците на Балетот при МОБ – Мими Поп Алексова-Атанасовска и Бобан Ковачевски. Посетителите, освен валцери, ќе танцуваат и на евергрини и на македонски хит рефрени во изведба на Нина Јанева, Горан Папаз, „2Exit“ и „Тумбао салса бенд“.

Оваа година, Балот има хуманитарен карактер. Дел од средствата од продадените билети се наменети за лицата со попреченост меѓу кои и лицата со Даунов синдром при Здружението за промоција на општествена инклузија, „Инклузивни решенија Скопје“.

Виенскиот бал ќе се одржи во хотелот Александар Палас.