Виена е подготвена за Самитот за Западен Балкан
Во Виена се е подготвено за самитот за Западен Балкан кој кон крајот на август ќе се одржи во рамки на Берлинскиот процес, а кој минатата година го иницираше германската канцеларка Ангела Меркел.
Австрија, овогодишен домаќин, ја прошири активноста поврзана за Самитот па се одлучи еден ден пред овогодишниот собир на шефовите на владите, министрите за надворешни работи и стопанства на Западен Балкан, да организира собир посветен на граѓанското општество во регионот, пренесува Танјуг.
На Форумот на граѓанските општества, претставниците на организацијата ќе имаат прилика да разменат ставови, да ја изнесат загриженоста и да формулираат конкретни препораки кои ќе бидат претставени на Самитот.
На форумот на граѓанските општества, како што е најавено во Виена, покрај домаќинот премиерот на Србија Александар Вучиќ ќе присуствува и неговиот албански колега Еди Рама. Министрите за економија на Западен Балкан и Австрија на 27 август ќе имаат работен појадок, а потоа состанок на кој ќе разменат ставови, чии заклучоци ќе ги изнесат шефовите на владите на Самитот.
Исто така и шефовите на дипломатијата имаат одвоен состанок, а потоа ќе се придружат на Самитот.
Според програмата, шефовите на владите ќе одржат состанок на 27 август со почеток во 11 часот, потоа ќе имаат заеднички појадок и потоа конференција за новинарите на која јавноста ќе ја информираат за разговорите водени зад затворени врати.
Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц е задоволен бидејќи Самитот за Западен Балкан ќе се одржи во виенската палата Хофбург.
- Овој Самит ја зајакнува Виена како место на дијалог и покрај тоа е јасен сигнал дека Западен Балкан е наш приоритет – рече за австрискиот весник Тиролер Тагесцајтунг.
Западен Балкан, според Курц, е регион во непосредно соседство на Австрија, а во некои земји од регионот, неговата земја е најважен инвеститори, па поради тоа стабиблноста и стопанскиот раст на Западен Балкан е во интерес на Виена.
Собирот во Виена како што наведе тој, треба да послужи и на тоа ЕУ да ги поддржи земјите од Западен Балкан кај конкуретните проекти.
Берлинскиот процес има за цел идно приближување на земјите на Западен Балкан кон ЕУ. Според најавата на Министерството за надворешни работи, на собирот во Виена конкретни теми ќе бидат јакнење на регионалната економска и политичка соработка, посебно во областа на инфраструктурата, како и пристапниот процес.
На собирот во Виена покрај највисоките претставници на државите од регионот на Западен Балкан се очекува доаѓање на шефицата на ЕУ дипломатија Федерика Могерини, германската канцеларка Ангела Меркел, шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер, италијанскиот премиер Матео Ренци.
Во Берлинскиот процес покрај шесте земји на Западен Балкан Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Косово и Албанија, учествуваат и Германија, Италија, Франција, Хрватска, Словенија и Австрија.
По повод одржувањето на Самитот во Виена ќе се одржи и прослава за 10 годишнината на постоењето на Енергетската заедница.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп