Видете кој живее во Ватикан освен папата
Ватикан – градот на папата секогаш бил завиткан во таинственост и мистичност. Затоа што е потешко да се влезе зад неговите ѕидини, освен на плоштадот Свети Петар и во Батиканските мусеи, кои се достапни за сите. На многу мала територија се собрани мајсторствата на музиката и ликовната уметност, кои се собирани низ вековите по целиот свет. Но тука има и еден мал свет кој малкумина го познаваат. Затоа што една држава е таква најмногу благодарение на нејзините жители. Интересен е фактот што населението на папската држава се намалува со текот на времето. „Во седумдесетите години тука имаше два фудбалски клуба, беше полно со деца, се играше билијард“, се сеќава отец Бруно Силверстини.
Ватикан е полн со народ преку ден – тука доаѓаат милиони туристи, луѓе кои сакаат да се покрстат или оженат во некоја од црквите. Но навечер остануваат само малкуте жители. Реално, малкумина се оние кои живеат во Ватикан, освен папата, кардиналите, епископите и свештениците. Односно оние од редовите на мирјаните - обичните граѓани. Најмногубројни се членовите на швајцарската гарда – тоа се војници облечено во црвено, кои го обезбедуваат папата веќе со векови. Тие живеат тука заедно со своите семејства и деца. Некои од несвештениците имаат раководни улоги. Како што е командирот на жандармеријата – Доменико Џани, мажот кој често може да се види десно од папата за време на неговите јавни говори. Папата фактички го обезбедуваат две формации – жандармеријата и швајцарската гарда.
Друг висок ватикански службеник кој живее во Ватикан и не е свештеник е Џовани Марија Виан – главниот уредник на ватиканскиот весник Осерваторе романо. Според информации кои ги објави Кориера дела сера во април, Ватикан има 605 граѓани, од кои 429 жители и 199 со постојана адреса на живеење. Помеѓу мирјаните – тоест оние кои не се свештеници или монаси се само 26, покрај војниците има и 36 жени, а ако се додадат и семејствата на швајцарската гарда, составени од сопруги и деца, бројот нараснува на 62. Постојана адреса имаат шест мажи и 16 жени. Ватикан никогаш немал големо население, ниту пак сериозен демографски прираст, ако се има предвид дека повеќето жители се свештеници кои немаат право да се женат и соодветно да имаат жени и деца.
Пред осумдесет години, всушност, според пописот од 31 декември 1936 година, Ватикан имал 746 граѓани, меѓу кои 94 свештеници, 37 монаси и монахињи, и дури 615 обични мирјани, од кои 324 биле со своите семејства.
Најчудната држава на светот
Ватикан во суштина е најмалата, но и најчудната држава на светот. Тоа е град-држава со владејачка форма на апсолутна монархија. Целата власт е во рацете на папата, како законодавната, така и извршната и судската. Тоа произлегува од историјата, од времето кога Папската држава се простирала на половина Италија и фактички папата бил вистински владетел на реални територии. Сето тоа веќе не постои од 1870 година. Во својот современ вид како територија и устројство, Ватикан е создаден во 1929 година, со потпишувањето на Латеранскиот договор. Територијата е со симболични димензии од 44 декари. Основната цел на државата е да „обезбеди реално и видливо присуство на папата и така да ја гарантира слободата на Апостолскиот престол“.
Граѓанството го доделува папата
Затоа законот за граѓанство е единствен по својот вид. Граѓаните и жителите се со привремен статус. Граѓанството се дава или одзема од папата или од ополномоштени лица од него. Нема врска дали татко ти е ватикански граѓанин или дали си роден таму. Ватикански граѓанин си додека си на служба во Светиот престол. И децата и граѓаните на Ватикан остануваат такви додека се граѓани нивните родители или не наполнат 18 години. Освен папата, кој е вечниот граѓанин на Ватикан, како и првиот папа, ватикански граѓани се и кардиналите кои живеат во Ватикан, дипломатите на Светиот престол и оние кои се таму “од службени причини“.
- Намалувањето на бројот на мирјаните започнува во седумдесетите години, објаснува свештеникот на Света Ана. „Беше одлучено тие да бидат испратени во апартмани на Католичката црква надвор од Ватикан, поголемиот дел од семејствата се преселија, и малкумината кои останаа веќе имаат големи деца и постепено заминуваат“. Ватикан има многу имоти надвор од папската држава. Ако живееш во Ватикан, се е на нога. Таму нема градски транспорт, но некои растојанија се малку потешки за пешачење. Затоа по определени улици е дозволен пристап на автомобили, но само на оние кои имаат дозвола за тоа. Здравствената служба и брзата помош се на едниот крај на градот.
Банкоматите зборуваат латински јзик
А банкоматите даваат соопштенија на латински јазик: „inserto scidulam quaeso ut faciundam cognoscas rationem“ (ве молам, ставете ја картичката за да продолжите кон следната операција). На располагање на жителите на Ватикан, како и на службеници во аптеката во која доаѓаат луѓе со рецепти од целиот свет, супермаркетот кој е снабден со квалитетни стоки со многу добри цени, како и продавницата за облека, часовници и цигари. Цените се пониски отколку во Италија, затоа што Ватикан е полабав во даноците и акцизите. И бензинот може да се купи, но со далавера, затоа што за да купуваш, всушност треба да имаш лична карта која се издава само на граѓани, на службеници на Ватикан, на нивни роднини и пријатели. Да пазаруваш во Ватикан е сон за римјаните. Но вратите на папската држава се затвораат во 1 часот и 15 минути по полноќ, и се отвораат повторно во 5 и 45 часот. Ако некој задоцни, треба да зазвони и дежурниоот Швајцарец ќе дојде да му отвори. Но ќе го запишат.
Освен демографската тенденција за намалување на населението, повеќето жители се свештеници. Нешто што претходно не било така. На пример, од 1929 до 1952 година, управител на Ватикан бил маркиз Камило Серафини. На крајот на минатиот век, друг маркиз – Џулио Сакети, бил „специјален директор“ во гувернеријата – управата на градот Ватикан. Денес тие позиции го заземаат епископи. До пред неколку години, децата на службениците си играле во Ватиканската градина. Ова се други времиња. На почетокот Ватикан бил создаден со многу персонал од мирјани, но за време на Јован Павле Втори, нештата се сменија. „Можеби некои мирјани не биле толку високопозиционирани, но за многумина должноста нема потреба да бидеш службеник“, објаснува Џовани Марија Биан – главниот уредник на ватиканскиот весник. Тоа е чудно, особено по Вториот Ватикански собир кој повика на посеризона улога на обичните луѓе во Католичката црква. Таква е и тенденцијата на папата Франциско кој предупредува за проблеми поврзани со клеркството.„Сега е времето на мирјаните“, рече тогаш папата, но јавно часовникот сопрел..
Webcafe.bg - Софија
Ново на Сител
-
Пазарните инспектори на терен, Владата најавува можност за ограничување на маржите
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
Бајден побара од Пентагон да продолжи со своите активни испораки на оружје за Украина
-
Најмалку 10 лица загинаа во израелски напади во Појасот Газа
-
Јапонската национална авиокомпанија е погодена од кибер напад
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патот Тетово – Попова Шапка
-
Облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава